„Нашата држава никогаш немала толку силно изразени поддршка и почит што ги добиваме како народ од целиот свет, како што имаме денеска“, подвлече претседателот на СДСМ и премиер – Зоран Заев, на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.
„Претходно за сите бевме ФИРОМ, а денеска за целиот свет сме Македонци од Северна Македонија со македонски идентитет“, подвлече Заев.
Тој беше категоричен дека ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет, а заедно со својот народ, на барање решение со Бугарија, и тоа низ духот на пријателството, но чувајќи го притоа македонскиот идентитет.
„Затоа што ние не сме и не може да бидеме проблем – ние решаваме проблеми!“, истакна претседателот на СДСМ.