Заев на ФБ: Успешните економски политики на Владата даваат резултати

„Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро. Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард“, се вели во постот на Фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев, објавен пладнево.

➡️ Економијата бележи историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1% во вториот квартал.
➡️ Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7%, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година.
➡️ Бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9% со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината – наведе Заев, додавајќи дека „успешните економски политики даваат резултати!“.

- Реклама -