На денешен ден, 17 мај, започна собopувањето на peжимот, порача преку Фејсбук експремиерот и лидер на СДСМ – Зоран Заев. На овој ден, пред пет години, „црвената боја ја вративме таму каде што припаѓа – кај граѓаните!“, напиша тој:
„5 години од денот кога црвената боја ја вративме таму каде што припаѓа – кај граѓаните!
На 17 мај 2015 рековме ‘ние доаѓаме’. И дојдовме со срце, го победивме peжимот, ја вративме слободата, обединети и одлучни.
Денеска живееме во слободна, демократска и праведна држава – членка на НАТО, на сигурен пат кон Европската Унија“, порачува Заев.