„Исправните политики на отвореност се потврдени, повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот“, истакна премиерот Зоран Заев на Фејсбук, додавајќи дека во време на претходниците на власт сѐ се криело, а сега сѐ е јавно и, оттаму, корупцијата повеќе не се исплати.
„Владата на Груевски донесе заробена држава, последна по транспарентност во 2016 година во регионот. Со политичка волја, со одлучност, посветена работа и одговорност, еве нѐ веќе неколку години на првото место, посочени како единствениот позитивен пример во регионот. Северна Македонија освои рекордни 83.43% во доменот на транспарентноста, според поставените критериуми“, посочи Заев.
Тој додаде дека за одбележување е и тоа што водечка позиција во регионот имаат и министерствата на Владата на РСМ, со освоени 62% од поставените критериуми.
„Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата“, дополни премиерот.