Заев: Јас на местото на Ременски ќе се повлечев, па ќе се вратев како херој

Не побарал оставка од Фросина Ременски, осомничена во „Рекет“, затоа што оставката од општествената функција е личен чин и нејзино право бидејќи е директно избрана од граѓаните, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју во „Отворено“ на „ТВ24“.

Во врска со отстранувањето од Централниот одбор, Заев рече дека во партијата бара еднаков третман за сите, бидејќи се работи за образот на СДСМ. Вели дека ја тргнал Ременски од партиските функции за да не влијае на политиката.

Прашан што би направил тој на нејзино место, премиерот рече дека би се повлекол од функцијата за да ја докаже својата невиност, а потоа би се вратил на голема врата како херој.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

„Во случај како овој, кога некој злoyпотpeбил луѓе на секаков начин, како што тоа го направил Бојан Јовановски, се повлекувате за да не оставите никаков впечаток на чистината на образот“, рече премиерот.

Тој додаде дека и Ременски е добредојдена назад веднаш штом го направи тоа.

- Реклама -