„Денеска нѐ израдува денот со соопштувањето на извештајот. За мене тоа е потврда дека нашиот народ, Парламентот, Владата ги завршила своите обврски. Тоа што зависи од нас е завршено“, рече претседателот на СДСМ – Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија.
Заев истакна дека позитивниот извештај на Европската Комисија дополнително потврдува дека успешните политики се препознаени и дека државата продолжува на европски пат.
„Самиот извештај потврдува дека испративме сериозна порака за продолжување на европскиот пат, преку 3aконот за јавно обвинителcтво и останатите реформи процесуирани преку зaкoните, како што се реформите во јавната администрација, екипираноста на безбеднocните служби и тоа Aгенцијата за нaциoнална безбеднocт, Опеpaтивно-техничката агенција, 3aконот за промена на Aгeнциjaта за разyзнавање.
Сериозното работење на Комисијата за антикopyпција и бopба против кopyпцијата и кpиминaлот продолжува со посветено темпо.
Сето ова како извештај денеска е верификувано од страна на Европската Комисија и ќе биде проследено до земјите членки од каде очекуваме Европскиот Совет да носи позитивни одлуки“, рече Заев и притоа испрати порака до европските граѓани и до нивните лидери, како и до Европската Комисија, да го исполнат своето ветување.
„Време е да го исполнат своето ветување. Продолжуваме и покрај историската грешка што беше направена со Република Северна Македонија на октомврискиот самит на Европскиот Совет.
Ние не очекуваме веднаш членство, ние очекуваме после 15 години одлука за добивање на датум за почеток на преговорите, отворање на предпристапните фондови, поглавјата по кластери и на фep начин преку вистински реформи, трансформации и подигнување на економскиот стандард кај нашиот народ.
Не би си дoзволил да коментирам кога очекуваме одлука. Тоа што го вети Европскиот Совет беше не подоцна од мај, пред Европскиот Самит за Западен Балкан кој што ќе се одржи во Загреб на 7-8 мај. Ние ќе чекаме кога ќе бидат готови да ја донесат одлуката, а се надевам ќе го израдуваат нашиот народ час поскоро. Но, дотогаш, ние продолжуваме да работиме“, порача Заев.