Заев: Градоначалниците да не ми изигруваат локални шерифи и да им служат на граѓаните

 

„Мојата порака е таа којашто секогаш ја давам, а тоа беше уште првиот момент кога најголем број од градоначалниците кандидирани и подржани од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија победија, да не ми изигруваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан за Општина Лозово и поплаките за мобинг од голем број вработени, и дали можеби исконтактирал со градоначалникот Ацо Велковски (чија ќерка доби шпорет на наградна игра од општината, патем).

„Во првиот пат кога беа реакциите лично разговарав со градоначалникот и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. За новите настани не сум запознаен, но оваа недела сигурно дека ќе реагирам, затоа што јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна одговорна функција, градоначалник на Општина Лозово“, рече премиерот.

Тој додаде дека не може да инсинуира детали, но дефинитивно ќе се заинтересира за случајот и во прва прилика ќе даде коментар.

- Реклама -