Заев: Ги прифаќам забелешките на новинарската фела и ќе се потрудиме за подобра комуникација во иднина

„Добив реакции од различни страни од новинарската фела за изборот на зборови и начинот на комуникација со дел од новинарите во Собранието, после конститутивната седница. Ги прифаќам забелешките на ЗНМ и фелата и во размена на мислења со нив веќе укажав дека сите треба да се потрудиме за подобра комуникација во иднина и дека немам никаква намера да влијаам врз работата медиумите и новинарите“, пишува лидерот на СДСМ – Зоран Заев, на Фејсбук, откако беше критикуван, но и предупреден од Македонската асоцијација на новинари (МАН) дека ќе биде бојкотиран, откако имаше препирка со новинарот Фуркан Салиу од ТВ „Клан“, кој му забележа што на новинар од еден медиум Заев му се обрати со зборовите: „Граѓаните во демократијата се тие коишто на крајот оценуваат дали вие контравладините медиуми сте во право или во право сме ние како актуелна влада“.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Во неколку секунди се покажа целото лицемерие на СДСМ, по историскиот грабеж на државата Заев и Филипче се журкаат во Дубаи

Не е во ред на прес-конференција да се етикетираат медиуми како провладини или како контравладини, реагираше Салиу, но Заев инсистираше дека негово право е да ја „нотира“ политичката определба на медиумот, додавајќи дека владата што ја предводел докажала дека ги почитува слободата на мислата, слободата на медиумите и комплетната слобода во државата.

Денеска, меѓутоа, Заев ја прифаќа својата одговорност:

„Секој пред јавноста е одговорен за своите постапки, а сите имаме обврска секојдневно и здружено да работиме на оневозможување на ширењето на лажните вести, на запирање на клеветите, навредите и нападите врз која било индивидуа, вклучително и врз медиумските работници“, додаде на Фејсбук.

По препирката со Заев, новинарот Фуркан Салиу објасни зошто е опасно етикетирање на новинарите:

- Реклама -