Заев: Дружејќи со Анѓушев видов дека добивката му е за 50% пaднaта, ќе разберам ако сака да им се посвети на своите компании

„Вицепремиерот Анѓушев е повикан од Коморите како нивни претставник за овој мандат. Верувам дека ние ќе разгоавараме за следниот мандат, прво кој да биде претставник од коморите. Како да каже човекот дека продолжува втор мандат?“, ја коментираше денеска премиерот Зоран Заев најавата на Анѓушев во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ дека ќе се повлече од политиката без оглед на исходот од претстојните избори.

Заев истакна и дека прифаќањето или неприфаќањето на „честа и одговорноста“ во евентуален нов мандат е негово лично право:

„Тој е сопственик на многу големи сериозни фирми во државата, кои вработуваат повеќе од 1.000 наши граѓани и ќе имам целосно разбирање ако сака понатаму да се посвети на своите компании. Дружејќи со него видов дека добивката му е за повеќе од 50% падната, значи неопходноста од него неговите компании ја имаат“, рече Заев, додавајќи дека неопходност од Анѓушев има и државата, па затоа и ќе разговараат на темата, ако граѓаните им ја дадат честа и правото за формирање на нова влада, секако.

Во секој случај, Заев го пофали Анѓушев дека е одговорен политичар и изрази увереност дека ќе ги дозавршат проектите од кои ќе зависат ефектите во сите економски ресори и чинители во владата.

- Реклама -