„Колку степени е температурата, знае ли некој?“, праша премиерот Зоран Заев додека со бугарскиот колега Бојко Борисов се жалеа на горештините чекајќи под сенка во црквата „Св. Спас“ и министрите да положат цвеќе пред гробот на Гоце Делчев. „100 степени“, одговори некој на шега, по што бугарскиот премиер ја покажа човечната страна и ги повика присутните и тие да се засолнат под сенка со него и премиерот Заев.