Заев: 500 евра плата, макар одел бос и без чевли

Огромното мнозинство од граѓаните и од меѓународната заедница препознаваат дека државата е на „прав пат“. Нашата борба нема да запре се до членство во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во прилепскиот дом на културата „Марко Цепенков“ насловена „На прав пат“, нагласувајќи дека Прилеп е нашиот предводник на правиот пат.

– Вниманието на цела Европа, па и на целиот свет е вперено кон нас затоа што испорачавме, сработивме. Целиот демократски свет го потврди нашиот успех, никој нема дилема, тоа е патот по кој треба да одиме и да продолжиме. На сите им е јасно дека сработивме многу, ги решивме билатералните односи, никој сега не зборува за меѓуетнички тензии, сме светски пример за Балканот. Тоа го говорат сите светски лидери. Генералниот секретар на ОН, почнува и завршува говор со преспанскиот договор. Тоа е темпото со кое треба да продолжиме. Нема да дозволиме повторно да не водат криминалци, да ја вратат државата од таму од каде ја извадивме, од калта, ќе продолжиме по правиот пат, порача Заев.

Според Заев припаѓаме во ЕУ и ништо помалку од полноправно членство не прифаќаме, никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси.

– НАТО е нашиот имотен лист, со завршување на ратификациите на Протоколот го добиваме нашиот имотен лист, ја обезбедивме државата. Се впишуваме во Катастарот на држави кои се сигуни, стабилнии еднакви со демократскиот свет. НАТО значи сигурност и безбедност, но НАТО значи и инвестиции, повеќе пари и нови работни места. Тоа е прав пат!, порача Заев.

Тој вети дека просечната плата в година ќе стаса до ветените 30.000 денари, па макар требало да оди бос, без чевли.

– Го слушам Мицкоски пред некој ден во Прилеп вели тие македонскиот код ќе го врателе. Не, господине Мицкоски, ти сакаш само криминалниот код да го вратиш. Македонскиот код е загарантиран како никогаш досега, признаен, потврден, верифициран. Денеска, ние сме Македонци, признаени од целиот свет, впишано во личната карта во Обединетите нации, е тоа е патриотизам, рече Заев.

- Реклама -