Луѓе се палат на кожа и кожни акцесоари, а многу од нив не знаат колку суровост кон животните подразбира производството на тие производи. Уште повеќе од тие луѓе знаат, ама избегнуваат да мислат на тоа.
Е па вака:
• Годишно 440.000 питони се убиени низ џунглите на југоисточна Азија, заради кожата
• Змиите често се сурово обезглавени, а некогаш ги дерат и на живо
• За една просечна чанта, потребно е да се убие не еден, туку четири крокодила
…итн итн.
Затоа, ПЕТА постави лажна продавница во еден од најголемите шопинг молови во Бангкок и изложи навидум обични луксузни кожни акцесоари. Арно ама, секој од нив криеше изненадувања, од лажно месо, до лажно срце што чука.
Дефинитивно, кампањава на ПЕТА нема усул. Ама може така и треба.