Забрчанец и Сарачини не се извинија, „Инфомакс“ ќе ги тужи за видеото од скандирањето „Северна!“ на Мечкин Камен

„Изминaа 48 часа од рокот за извинyвaњe на ПР советниците на премиерот, Марјан Забрчанец и Петрит Сарачини, кои во обид да се дисквалификуваат медиуми и новинари кои нe одговараат на нивните yбедувања, се обидоа преку креирање на лaжни вести, да обвинyвaaт за ‘лaжни вecти’“, напиша вчера порталот „Инфомакс“, кој на 2-ри август објави видеа од прославата на Илинден на Мечкин Камен, на која група граѓани, симпатизери на СДСМ пристигнати со организиран превоз, скандираат „Северна, Северна!“.

Соеветникот на премиерот за односи со јавност – Марјан Забрчанец, тогаш реагираше на објавувањето на видеата, нарекувајќи ги „лажна, фејк, тажна продукција од подрумските центри за манипулација“ и „срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале ‘Северна Северна’ на Мечкин Камен“.

„Се снимале самите како викаат “Северна” во Крушево, намонтирале, за после да отрујат од тролање дека другите викале “Северна”. Не, не се фејкери. Тоталки :))) #Ludaci #AluminiumOverMaximum“, напиша, пак, Сарачини.

Не се работи за „лaжни вести“, туку нaмерата на власта е да се зaмoлчaт и цeнзурираат критички настроените медиуми во земјата, тврди „Инфомакс“, кој ќе бара Забрчанец и Сарачини на суд да докажуваат кој ширел лажни вести – порталот или тие, како претставници на Владата.

„Згрозени сме од обидот Владата со помош на лажни вести да дискредитира и да заплашува новинари и медиуми. За искажаните лаги веднаш поднесуваме тужба за клевета и навреда со побарување за оштета од 3 милиони денари. Иако голем дел од судството е под контрола на владата за која работат, Забрчанец и Сарачини можат да се спасат само ако јавно се извинат и ветат дека во иднина нема да користат лажни вести и ефтини пропагандни финти за да замолчат медиуми“, изјави уредникот на „Инфомакс“ – Александар Митевски, за „Еxpres.mk“. Тој и снимателот, во меѓувреме, изразија подготвеност и да сведочат, а понудија и јавно вештачење на мемориските картички од двете камери со кои било снимано скандирањето.

Додека Забрчанец не се огласи на „ултиматумот“ од „Инфомакс“, Сарачини во низа постови на Фејсбук истиот го коментира со подбив:

„Замисли, оние што ме клеветеа дека сум убиец во обид и што уште не, ми се закануваат со тужба за клевета. Ултиматуми праќаат, да сум им се извинел.

Нормално, извинување од мене не добиваат. Јас сум спремен за овој танц, до Стразбур ако треба. Со докази, со сите нишани.

Сакаат таква игра, ќе играме. Додека не се извинат тие, не само за лагите и хајките со кои ме вознемируваа мене и моето семејство, туку и целата јавност. Влегувањето во судница ќе виде одлична можност за тоа, па јас со години таму ги сакав, ама ради пусто тефтерче едно и нивната недопирливост, никогаш на оваа работа не и дојде редот. Само нека повелат!“

„Овие клеветници бараат да сум им се извинел, иако не сум ги спомнал во постови деновиве за Илинден.
Ако не се извинам, ќе ме тужеле за клевета.
Што да правам, што да чинам? 😛 #AluminiumOverMaximum — feeling amazed“

„Не кажаа, извинувањето у Белизе, у Пешта или у Москва да го пратам? #AluminiumOverMaximum #PrasanjaStoMeMacat“, напиша во меѓувреме Сарачини.

Во меѓувреме, со свој коментар за ситуацијата се огласи и новинарот Фуркан Салиу од „ТВ Клан“, кој важи за критички настроен, но кој зад себе нема историја на ширење лажни вести (колку што знаеме). Споделувајќи и свое видео од скандирањето, Салиу на Твитер напиша:

„Употребата на терминот #FakeNews пречесто од страна на владини функционери ја нарушува и онака слабата доверба на граѓаните кон медиумите. Дали ова се прави намерно? Сè уште не сум сигурен. Сакам да останам на моето уверување дека во Владата моментално не се знае кој јаде, кој пие.“

Во продолжение видеото на „Инфомакс“ во кое се гледа скандирање, за кое Забрчанец тврди дека е монтажа (2:00 во видеото):

- Реклама -