Сè е слично, само ВМРО го нема: „Спонтано организирани“ граѓани, партиски превоз, скандирање „Северна“… (ВИДЕО)

Историјата се повторува, и тоа онаа блиската, од која демек требаше да избегаме што подалеку, како од чума. Додуша сменети се актерите, а и нема сендвичи. Ама затоа повторно има униформирани „спонтано организирани“ граѓани кои по потреба (можеби и по желба, не негираме) се појавуваат на важните државни настани.

Додека провладините портали и медиуми објавуваат видеа како премиерот Заев и владината делегација со овации и аплауз се дочекани на Мечкин Камен, дел од про-опизициските прошетаа низ толпата и детектираа одредени сличности со некои претходни времиња чии симптоми, се чини, нема во догледно време да нè напуштат.

Екипата на порталот „Инфомакс“ (знаеме, де, ама видео си е видео) анкетираше неколку граѓани присутни на прославата на Илинден на Мечкин Камен, сите со исти капчиња и маички, и пристигнати со автобуси, онака самоиницијативно, спонтано. Додуша, како што и самите ќе можете да видите, некои од нив признаваат дека превозот им бил организиран од партијата/локалниот градоначалник, исто како и капчињата, маиците, знамињата.

- Реклама -