Забранети фотографии од Северна Кореја

Приказот на сиромаштијата, искористувањето на детскиот труд и тешкиот начин на живот не е тоа што сакаат да го покажат на светот лидерите на оваа земја.

Eric Lafforgue е фотограф кој патува по светот. Тој бил во Северна Кореја 6 пати помеѓу 2008 и 2012 година и за време на неговите патувања успеал тајно да направи фотографии, кои покажуваат каков е навистина животот во оваа земја.

Но, за време на неговата шеста посета бил фатен од властите и му бил забранет влез во државата во иднина затоа што одбил да ги избрише од интернет фотографиите кои ја прикажувале Северна Кореја во лошо светло.

Поголемиот дел од фотографиите од оваа земја се режирани, па ајде да ѕирнеме како изгледа реалноста преку објективот на овој смел фотограф:

Уловено изразување емоции во јавност, појава која не е многу препорачлива таму, плус фотографирање на воено лице, што е строго забрането.

- Реклама -