Ништо не може да се спореди со вкусот од детството, моментите на село, кога баба ни приготвуваше вкусни гозби.
Се надобрзуваме на овој текст – Некогаш детството изгледаше вака
И чудно, но нашата омилена храна воопшто не барала неверојатни кулинарски вештини, ниту пак егзотични производи, напротив! Ни беа доволни рацете на баба и неколку зеленчуци од градината. Да се потсетиме на омилените заборавени гозби од нашето детство.
Попара од чај, сирење, леб, шеќер и масло
Омилен појадок! Никогаш нема да го заборавиме моментот кога се будевме рано наутро, а чајот од липа веќе се крчкаше во котел на шпоретот. Целата куќа мирисаше на липа, а ние немавме трпение да појадуваме и да истрчаме на ливадата каде започнуваше уште побезгрижен ден. Не, нема да го заборавиме мирисот на чај – тоа е мирисот на распустот!
Јајце на весник
Побезопасна варијанта е на хартија која не содржи мастило, но јајцата на весникот се едноставно неповторливи! Приготвени врз шпоретот на дрва и посеани со сол и црвен пипер … без да ја почувствуваме изгорената хартија одоздола.
Пинџур
Дали се сеќавате на највкусниот пинџур? Во комбинација со селскиот леб мислевме дека на овој свет нема ништо повкусно.
Лепчиња
Најомилената попладневна закуска.
Очекуваме да не потсетите за уште еден куп заборавени, но омилени јадења од детството, кои се поретко ги сеќаваме. Ајде заедно за миг го вратиме оној вкус на безгрижност!