Декември е време за празници, забава, фамилијарно дружење и излегување, за сетоа тоа да кулминира со дочекот на новата година.За подготвено да ја дочекате организирајте го орманот и подгответе ги овие пет парчиња кои се неизбежен дел од оваа сезона.
1. Краткиот црн фустан
Тој е добар избор за сите пригоди.
2. Фустан со чипка
Заедно со малиот црн фустан неизбежен дел е и фустанот со чипка. Овие парчиња се разнолики, па можете да одберете според својот вкус некој кој најдобро ќе ви одговара. Во секој случај, ако немате – набавете.
3. Свечена туника
Светкавата туника зрачи со гламур, а оособено се чест избор кај девојките, во комбинација со фармерки.
4. Здолниште со молив облик
Здолништето со облик на молив, особено црното е најдобриот новитет во тендовите за оваа сезона. Тоа зрачи со елеганција и е одлично за сите пригоди, од работни до официјални.
5. Кратка бајкерска јакна
Тоа значи да е кожна или да има некои обележја на овој стил, како на пример нитни. Оваа јакна ќе го ублажи свечениот стил и ќе го направи лежерен, додавајќи доза на гламур.