По вчерашното реми на нашите ракометни херои против Германија, македонската популација уште еднаш ја облеа радост каква што само спортот може да ни овозможи.
Меѓутоа, расипувачите на забави се секогаш присутна, и не бројна ама сепак гласна група, па ако читавте коментари по социјалниве мрежи ќе наидевте и на вакви: Дека додека ние се радуваме на ремито со Германија и трите бода што ги пренесуваме во следната фаза како први во групата, Германците не ни знаат дека постои ракометно европско првенство, дека игра нивна репрезентација и особено дека игра против некоја си Македонија.
Хејтериве (кажано со најмалку можна осуда) нема да ги прозиваме со имиња и профили, бидејќи знаеме дека намерата не им е лоша. Едноставно се тажни што како нација единствено во спортот, особено во ракометот, можеме да се крстиме дека ќе ни ја оправат проблематичната врска со државата и татковината; со што ние целосно сочувствуваме.
Ама на крајот од денот, победата (дури и ако е реми) е послатка кога знаеш дека противникот е инвестиран во обидот да победи подеднакво како што си и ти. За германските ракометари тоа не беше спорно, ама малку нé запецка дали така било и кај обичните Германци. Па решивме да провериме. Ќе ви се допадне тоа што го најдовме.
Да ги земеме за репрезентативен примерок Германците на Твитер. Твитер профилот Trendinalia Deutschland, на пример, ги следи најпопуларните хаштази (теми) на германскиот Твитер. Натпреварот меѓу Македонија и Германија, конкретно, одеше под меѓународен хаштаг #GERMKD. Да видиме како „нашиов“ хаштаг се однесуваше на германските табели на најпопуларни теми:
Во 16:58 часот (натпреварот не е почнат, да потсетиме), #GERMKD го немаше ни на повидок меѓу 10-те најпопуларни теми меѓу Твитер Германците:
Во 17:13 часот, исто:
Во 17:28 и 17:38, хаштагот почнува да пркнува. Натпреварот меѓу Германија и Македонија е 6 најпопуларна тема на германскиот дел од Твитер:
Веќе во 18:08 часот, непосредно пред да почне натпреварот, #GERMKD е најпопуларна тема на германскиот Твитер. Најпопуларен хаштаг е и во 18:18 часот, а таков останува и во текот на целиот натпревар:
Покрај #GERMKD, и „Handball“ („ракомет“) стигнува на 3-то место:
19:13 часот, Македонија – Германија уште е на најјако:
Исто и во 19:48 часот:
Исто и во 20:13 часот:
#GERMKD беше во топ 3 најпопуларни и во продолжението на вечерта:
Излезе од топ 10 дури околу 00:50 часот по полноќ:
Ако го проверите истиов овој Твитер профил, ќе видите дека од 4 – 5 часот утрово, некаде до 9 часот, хаштагот повторно беше меѓу топ 10-те најпопуларни теми на германскиот Твитер.
И сега? На Германците не им било битно, а?