За постоењето на овие производи е заслужна Првата светска војна

Дали сте се запрашале некогаш кој ги направил хартиените марамчиња, или зошто Kimberly-Clark е една од најголемите компании во областа на хигиенските потребни предмети?

Ви откриваме кој прозиводи што секојдневно ги користиме, не би постоеле ако не била војната.

Влошки

Материјалот Cellucotton, двојно поевтин и со пет пати поголема апсорпција од памукот, го измислила, непосредно пред војната, тогаш малата американска компанија Kimberly-Clark. Кога Америка влегла во војната во 1917-тата година, започнало производството на хируршки завои од овој материјал, но сестрите од Црвен Крст пронашле и друга вредност на производот. Имено, се воспоставило дека е многу корисен и како влошка.

По завршувањето на војната компанијата се посветила на истражување и во 1920-тата година го лансирала производот Kotex, направен од материјалот Cellucotton и газа.

 … и хартиени марамчиња

Не било лесно да се рекламираат влошки бидејќи жените одбивале да го купуваат овој производ од продавачите. Компанијата се погрижила во продавниците да се купуваат влошките со ставање пари во кутија. Продажбата навистина пораснала, но не доволно брзо, па компанијата Kimberly-Clark почнала да истражува други начини да го искористи материјалот. На почетокот на 20-тите години од минатиот век дошле до идеја да ја “испеглаат” целулозата и да направат мек материјал. Хартиените марамчиња започнале да се произведуваат во 1924-тата година, под името “Kleenex”.

 Солариум

Во зимата 1918-та година било проценето дека повеќе од 50 % од децата во Берлин патат од рахитис – болест од која коските стануваат меки и деформирани. Германскиот доктор Курт Хулдшински забележал дека неговите пациенти се многу бледи и решил да спроведе експеримент со четири пациенти, вклучувајќи го и 3-годишниот Артур – ги поставил под кварц ламба која емитува светлина.

Коските на најмладиот пациент со време станале посилни и рахитисот почнал да се повлекува. Овие резултати биле дочекани со голем ентузијазам, па ширум Германија децата биле изложувани под светлината на кварц ламби, а во Дрезден градските власти ги замениле уличните светилки со УВ ламби.

 Летно сметање на времето

Благодарение на познатата штедливост на Германците, оваа идеја се појавила во 1916-тата година.

Имено, соочувајќи се со недостаток на јаглен, германските власти соопштиле дека на 30-ти април часовникот треба да се помести од 23 часот до полноќ, со што се добило еден час повеќе од наредното утро, а со што била намалена потрошувачката на јаглен за греење и осветлување.

Тоа што почнало како мерка за штедење, набрзо се проширило насекаде во светот.

Британија ги поместила часовниците три седмици подоцна, а ја следеле и останатите европски земји. Во март 1918-тата година, американскиот Конгрес утврдил повеќе временски зони, а официјалниот датум за поместување на часот станал 31-ви март.

Чај во кесички

Чајот во кесички не бил смислен за да се реши некој проблем за време на војната. Една американска компанија уште во 1908-та година почнала да им праќа чај во кесички на своите клиенти. Некој, случајно ја ставил кесичката во врела вода, и останатото е историја. Сепак, германската компанија “Teekanne” ја развила оваа идеја.

 Рачен часовник

Не е вистина дека рачните часовници се измислени за време на Првата светска војна, но вистина е дека порастот на нивното користење започнал за време на Големата војна. Причина за тоа е секако практичноста. На војниците во борба им биле потребни двете раце, па вадење на часовник од џеб било опасно по живот.

 Вегетаријански колбаси

Доколку мислевте дека колбасите од соја ги измислил некој хипик во 60-тите години од минатиот век, се лажете. Овие колбаси ги измислил Конрад Аденауер, Првиот германски канцелар по Втората светска војна.

За време на Големата војна, Аденауер бил градоначалник на Келн, а кога британската блокада на Германија започнала да зема замав, градот го зафатил глад. Иновативниот градоначалник почнал да истражува што од достапното би можело да ги замени неопходните намерници.

Тој се обидел да го патентира својот производ во Германија, но колбасот без месо не ги исполнувал критериумите. Патентот го прифатила Велика Британија, а во 1918-тата година го одобрил кралот Џорџ Петти.

 Патент

Гидеон Сундбак, шведски емигрант во САД го измислил еден од најпрактичните изуми на 20-от век и тоа за потребите на американската војска. Патентот се користел на униформите и чизмите, посебно во американската морнарица. По војната, светот со двете раце го прифатил овој изум.

 Челик кој не ‘рѓосува

Поради кривењето на цевките од пиштолите, британската војска го вработила металургот Хери Бредли да пронајде подобра легура. Тој, во еден од обидете да го унапреди оружјето, додал хром во челикот и незадоволен од резултатот, во легурата додал и ѓубре. По некое време, според легендата, тој забележал дека остатоците од оваа легура не корозираат и сфатил дека ја открил тајната за челикот кој не ‘рѓосува.

Комуникација меѓу пилоти

Пред Првата светска војна не постоела можност за комуникација меѓу пилотите, како и комуникација со “земјата”.

Радио технологијата тогаш била достапна, но не била развиена во целост. Кон крајот на 1916-тата година, биле направени првите сериозни чекори. Најголем проблем претставувала големата бука на моторите, но специјално дизајнираните шлемови го решиле и тој проблем.

Не мора да кажеме колку овој изум влијаел на целата авиоиндустрија и цивилниот авиосообраќај.

- Реклама -