Покрај самиот мирис, важен е и квалитетот на парфемот и пред сé – долготрајноста. За да ја потпомогнете, најдобриот чекор е да го нанесете парфемот на вистинските места.
1. НА КОСАТА
Не го нанесувајте парфемот директно на косата, бидејќи така ќе ја уништите. Наместо тоа, нанесете го прво на четката за коса, а потоа на косата.
2. ЗАД УШИТЕ
Оваа е „пулс точка“, т.е. област каде што вените се многу близу до кожата. Овој предел создава и повеќе топлина, за разлика од останатите делови на телото, што пак може да го зголеми интензитетот на мирисот на парфемот.
3. НА ЛАКТИТЕ
Тоа е уште една пулс точка. Трикот е во тоа што пред да нанесете парфем, треба да го намачкате лактот со лосион за тело.
4. ЗАД КОЛЕНАТА
Оваа област во долниот дел на телото е еквивалент на наборите на лактите. Така, има и сличен ефект врз долготрајноста на парфемот.
5. НА ГРБОТ
Под „грбот“ ја подразбираме областа од тилот до лакот на ‘рбетот.
6. НА ПАПОКОТ
Ова е фора ала Лив Тајлер. Таа открива дека папокот е уште едно интересно место за нанесување на парфем. Тајната и ја предал нејзиниот татко, познатиот музичар Стивен Тајлер, кој често се служел со овој трик.