Доколку мислите дека е сосема сеедно каде ќе ја ставите новогодишната елка и како ќе ја украсите, се лажете.
Времето на празниците за сите е посебно, како поради буџетот, така и поради подготовките и еуфоријата. Фенг – шуи не е единствено оријентирано кон уредувањето на домот, туку постојат и совети за новогодишната декорација, на начин кој ќе пружа позитивна енергија во просторот.
Местото за украсеното дрво, по фенг шуи е од исклучителна важност.
Каде да ја поставите елката?
Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство. Според Фенг Шуи практикантите, триаглестиот облик се смета за симбол на оган, а најдобро место за овој симбол е во горниот лев агол од вашиот дом.
Овој простор се смета за „површина на богатството“, а предметите составени од дрво се особено силни.
Поставувањето на новогодишната елка на ова место, ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.
Исто така, добро место за новогодишната елка се генерално сите агли или централниот дел од куќата, каде ќе се стабилизира енергијата во текот на овие празнични сезони.
Во случај да сте ја поставиле елката на север, украсете ја со стаклени декорации од сина, бела, сребрена и златна боја.
Елката на запад или северозапад би требала да биде во бели, сребрени, златни или жолти тонови, а никако во црвени.
Во случај елката да се наоѓа на југозападен или североисточен дел од домот, поволни се декорации во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрена боја не се препорачува.
За да допринесеме до квалитетна поврзаност со семејството, пожелно е секој член да стави барем еден украс на елката, со оглед што со самиот тој чин, ја поставува и својата лична енергија.
Фенг Шуи советува елката да не ја ставате:
– Во ходникот или соба каде блокира премин.
– Во подрачје каде и пречи на протокот на „Чи“ енергијата.
– Премногу блиску до изворот на топлина или камин.
Украсување на домот
Иако црвената и златната боја се меѓу најзастапените бои кај новогодишното украсување, треба да се обрне внимание на нивната застапеност. Заедно со останатите сјајни предмети, свеќи и благи крем-нијанси, преголемото присуство на овие бои може да допринесе до претерана јанг енергија, која исто така создава раздразливост.
Фенг шуи советува и употреба на ароматични масла, со кои освен освежување на воздухот се постигнува и балансирање на енергијата во просторот.
Доколку имате во домот камин, поставување на свеќи покрај каминот овозможува зајакнување на енергетските центри.