Во античките времиња еден цар поставил еден голем камен на патот. Потоа се скрил и набљудувал, за да види дали некој ќе го помести.
Богати трговци и дворјани минувале оттаму и едноставно го заобиколувале каменот. Многумина гласно го обвинувале царот дека не ги одржува патиштата чисти, но никој не сторил ништо за ја премести пречката од патот.
Еден ден се појавил селанец, кој што бил натоварен со зеленчук. Откако стигнал до каменот, тој го оставил својот товар и се обидел да го премести каменот настрана од патот. По многу напори тој конечно успеал.
Откако селанецот го зел повторно својот товар, забележал едно ќесе, кое стоело на патот на местото на каменот. Во ќесето имало многу златници и една белешка од царот, која што вели дека тоа злато е за човекот што се сетил да го помести големиот камен.
Селанецот го научил она што многу од нас никогаш нема да го разберат – „Секоја препрека ни дава можност да ја подобриме својата состојба.”