За неколку часа болниците во Газа би можеле да останат целосно без струја

Болниците во Газа за неколку часа би можело да останат без струја, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Тие претходно предупредија за болниците кои остануваат без гориво за нивните генератори на електрична енергија во Газа.

Регионалниот директор на МКЦК за Блискиот Исток, Фабрицио Карбони изјави дека, колку што разбрале, сè уште има гориво за генераторите, но веројатно само за неколку часа.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -