За мажите се поважни другарите од девојките

Многу мажи ќе се согласат дека другарите се поважни од девојките, a новите истражувања покажаа и зошто е тоа така.
Да се одолее на шармот на убавата девојка на вашиот пријател навидум изгледа како тежок предизвик, но според спроведените истражувања тоа воопшто не е така, а еве и зошто…

Американските научници го мереа нивото на тестостерон кај мажите при интерскција со девојките на блиските пријатели и дошле до изненадувачки резултати: колку и да е атрактивна девојката на добриот другар, нивото на тестостерон опаѓа во текот на разговорот со неа.

Ова истражување укажува на тоа дека мажите се биолошки создадени така што не сакаат да си ги одземаат девојките, а фактот дека тестостеронот при интеракција со згодната девојка на пријателот опаѓа, не треба воопшто да ве изненади. Според истражувањата, за нив е приоритет да останат верни на своите пријатели. Тоа  не претставува ниаква потешкотија, бидејќи со самото сознание дека девојката „му припаѓа“ на пријателот, природно е таа помалку ги привлекува.

Би било интересно да се спроведе истражување и кај девојките, и да се види дали и кај нив се случува истото додека зборуваат со згодното момче на најдобрата пријателка.

- Реклама -