За љубителите на уметноста: Во „Остен“ е отворена изложба на Дали

Изложбата „Салвадор Дали – графики и скулптури“ ќе биде отворена до 27 мај во галеријата „Остен“. На изложбата, Остен ќе презентира дел од својата колекција, која го има потписот на Дали.

Изложба на графики и скулптури од Дали во галеријата Остен

Македонската јавност ќе има можност да види 14 графики, еден цртеж и две скулптури изработени од сестраниот мајстор – сликар, скулптор, графичар и дизајнер.

Овој настан е во рамки на одбележувањето на Денот на Европа и по повод 25-годишнината од смртта на големиот шпански уметник.

salvadorDailIzlozbaSK

Организатори на изложбата се Остен-уметност на хартија, Делегацијата на Европската унија, општина Центар и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 27 мај, секој работен ден од 10 до 17 часот и од 10 до 13 часот во сабота.

Прочитајте и:  Самостојна изложба на уметницата Јана Николовска „Infantuation“ - Интензивна страст или восхит

dali_grafiki_i_skulpturi

- Реклама -