Народот у Исланд се собра на масовни протести. Нивниот им премиер имал тајни сметки у некои си Панамски корпорации. Лудаци неотесани. Ни две ни три, без да проверат дали е тоа монтажа од странските служби, излегоа на улица да бараат оставка од својот водач. Изостана подршката на домашните патриоти во одбраната на државата. За глупите исланѓани, ајдук си е ајдук. Ни на родено братче не би му простиле ако раката му пофаќа у заедничкотo грне со азно. Грнето е заедничко а свеста далеку над лажниот и мртов идеал. Они ајдуците си ги бркаат културно од престолот, ко што му доликува на еден народ кој што е 3 класи напреднат од основната ситна боранија. Кај нив нема да гледаме жалопојки, драми, хорор сценарија и теории на заговор.
Шо да кажам за нас? Ем се на ачик ни беше дадено да чуеме, ем се праиме сите колективно на мутави. Дури и испаднавме да ги браниме ајдуците. Оние кои ни зимаат од заедничкото грне. Ние сме слој на народ без никакво достоинство. Обични куртони и ќорци за една употреба. Очите си ги извадивме за безобразните големци а секоја прогресивна мисла е ставена у шише да се бори со простотилок, нихилизам и малодушност.
Слушнете ги ќорците како пукаат. Поделени секој во свој табор реметат црно-бела иделогија, без никаква намера да напраат некаква промена во системот. Едните кркаат мед од теглата на власта други од теглата на странскиот невладин сектор. Тема за муабет нема никад да им недостасува. Оние теми кои донаторите ги бараат од нив за овие само како папагали да ги повторуваат катадневно! Да ни ги дупнат главите. Те Бетмени те Геровци, те Најчевци, те глумци маскирани у експерти за Еконимија и Уставно правно!
Творците кои сакаат да се бават со уметност и со здрава мисла се фрлени на маргините. Заедно со обичниот народ на кој му е дојдено преку кур од системот кој не касапи веќе трета деценија. И Творците и обичниот народ се приморани да го слушаат црно-белиот филм кој се фура по провладиниве и опозициските простори у етеров. Кој сака да олабави од овој грозен филм, секогаш има евтин серијал и бледи музички шоу емисии. Таму творците синхронизираат некои си турски ликови колку да не им избледне чувството дека се актери по професија. За корка леб кубуриме сите. Но не и оние кои устата ја искинаа од фалење на едните и другите! Ебете се сите! И квази музичари и квази актери. Сите до еден станавте обичен партиски инвентар, и говорници без сопствена тема. Лоши stand up комичари преку кои кењааат две моќни елити од кои народецов ни проплака.
Пред некој ден си проговорив со другар ми Тане кој е заминат на гурбет у Лондон. Он не прифати да стане обичен ќорец у државава. Едини предизвик у животот му е да се дружи со перото и ако му улета уз пат да опали некоја милфица или матур теткица. И он а и ја некад сме без тема на муабет. Луѓето кои бараат некоја света идеологија се осудени вечно да ја бараат, како Диоген со ламбата шо бара луѓе во белиот ден. Ќе се тешиме ако некој читател ни го испоштува напишаното и за тоа добиеме позитивна критика. Навистина е тешко да ја пробиеш мислата пред аудиторумот кога на бината се качени играчите на моќните елити. Ние ќе си останеме вечни аутсајдери и ќе си ги сањаме нашите стари кокони. Некоја што ќе ги навлажни гаќичките на пишаниот ни збор. Јеби га. Тоа е можеби единствената причина у животов поради која би напишал нарачан текст. За обична женска гаќа која по навика ја кинам и ја трпам у мојата колекција у фиоката на скапаното биро. А тогаш…можеби и ќе излезе некоја инспирација да седнам и нешто да навезам. Понесен од мојот порив, да го избербатам циркузот кој ќорците ни го приредуваат катадневно. И онака не сакам на таа бина. Нивните фалби и жалби ги третирам као циклуз кај згодна риба. Чекам 5-6 дена да помине и фурам даље…
НАПИША: БУЛЕВАРКО