За изборот на претседател во Собранието: Заев – граѓаните бараат, Ахмети – меѓународните пријатели одобруваат

Во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на „Алсат“, премиерот Зоран Заев порача дека „конечните одлуки зависат од граѓаните“ и е „99% убеден“ дека претседателските избори ќе бидат успешни. Дури и да има граѓани кои ќе бојкотираат, смета Заев, сепак ќе биде постигнат цензусот од 40% излезност во вториот круг.

Ако сепак не се постигне цензусот, Заев повтори дека во игра се три опции (1. нови избори, 2. уставни измени за укинување на цензусот), како и дека тој е приврзаник на третата – претседател на државата да се избира во Собранието.

„Реков дека сум приврзаник претседателот да се избира во Собранието бидејќи слушам од граѓаните велат дајте направете го тоа“, вели Заев, потсетувајќи дека тоа не можело да биде направено за овие избори, но не ја исклучува можноста тоа да биде случај за идните избори.

Прочитајте и:  Деманг на Дрин Ахмети на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Лефков

Сепак, вели тој, тоа е само негов став и сè уште се нема консултирано со партијата. „Треба да бидеме рационални во сè“, заклучува тој.

Истовремено, во гостувањето во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21, коалициониот партнер на Заев и лидер на ДУИ – Али Ахмети, порача дека не само што за ДУИ е прифатливо и подобро претседателот на државата да се избира во Собранието, туку таа теза тие ја покренале уште пред десетина години.

„Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли такво нешто. Може да се избира (претседател) и од Парламентот. Не се сомневам дека е оправдано“, оцени Ахмети.

 

- Реклама -