За година новиот Volkswagen Golf 7 ќе има 7 различни верзии

Во следните 12 месеци на пазарот ќе излезат вкупно cедем нови варијанти на евробестселерот, кои ќе ги зголемат и онака импресивни бројки за продажбата на моделот.

Меѓу новите варијанти ќе има три „жешки верзии“ – GTI, GTD и Golf R. Во гамата ќе се вклучат уште еколошката модификација BlueMotion и електричниот eGolf. приказната ќе ја завршат Golf 4Motion и Golf караван.Врв на тортата ќе биде Golf R. Станува збор за кватро-модел, најмоќен во историјата на моделот Golf. Под хаубата на оваа изведба ќе се најде 2.0-литарски мотор, кој ќе обезбедува речиси 300 КЅ, кои ќе бидат во спрега со седумстепена трансмисија и со пренос на предните тркала. Се претпоставува дека масата на автомобилот ќе е само 1200 килограми.

Ова ќе обезбеди можност за забрзување од место до 100 km/h за 5 секунди, а максималната брзина, ќе биде ограничена на нивото од 250 km/h.

 

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.

- Реклама -