Милутин Вулич, од Бања Лука, се нема избричено уште 1988-та година. Веќе 25-години ја пушта брадата, ја негува и чува. Околу струкот.
Бричот го фрлил на „Видовдан“, 88-та, во знак на почит кон Србите настрадани во Косовската и Првата светска војна. Прашање на време е кога ќе учествува во мерењето за нов рекорд за Гинис.
„Целта не ми е да ја кријам, ниту некого да иритирам. Како што реков, се што сакам е да ја искажам својата почит кон српскиот народ“, вели Милутин.
Вели дека редовно ја мие брадата, а понекогаш ја користи и за да си го истрие и измие грбот.
Официјалниот рекорд во најдолга брада го носи Канаѓанецот Сарван Син, со должина од 2.495 метри. А Милутин? „Па, некаде околу 250 сантиметри, вака вплетена. Ако ја расплетам може да стигне и до 450 сантиметри… Морам да ја намотам 2 пати околу струкот за да не ми пречи“, изјавува горделиво брадестиот неофицијален рекордер.