Еден фармер и изумител од Кина направи функционален механички коњ.
Су Даоченг посветил два месеца на изработката на оваа негова чудна креација, при што користел метал и стар мотор.
Резултатот не изгледа баш најдобро од аспект на естетиката и грациозноста на вистинските коњи, но од инженерска гледна точка е импресивно постигнување.
Су вели дека бил инспириран од приказната за Жуге Лианг, кинески владетел кој наводно го креирал првиот механички коњ, пред 1800 години. Желбата на Су тлеела со години, но како што кажува тој, бил зафатен со други иновации, меѓу кои и механички слон и хеликоптер прилагоден за користење на патишта.
„Често размислував како би можел да работи, и одеднаш, пред неколку месеци ми дојде идеја за тоа како да решам еден од проблемите. Решив да пробам“.
И еве, неговиот 1.5 метри висок, 2 метри долг и 250 килограми тежок механички коњ конечно ги направи првите чекори.