За Денот на шегата, ХО клуб и Експо центар Ви ги нудат најдобрите журки во градот!

„За 1ви Април, ХО клуб и Експо центар Ви ги нудат најдобрите журки во градот. Вашиот водич за најдобро урбано искуство за Денот на шегата Ви го најавува првата хип-хоп маскенбалска вечер, заедно со одличниот Гоце САФ во ХО клуб. Експо центарот пак, со гордост Ви го најавува Прво априлскиот Маскенбал заедно со диџеите на Сити радио Бабура, Бранчез и Боби.“

За 1ви Април, ХО клуб и Експо центар Ви ги нудат најдобрите журки во главниот град. Вашиот водич за одлично урбано искуство, за Денот на шегата Ви ја најавува првата маскенбалска хип-хоп вечер, заедно со одличниот Гоце САФ во ХО клуб.  Предизвикот да се движите на хип хоп битовите на најпознатите светски траки, овојпат сокриени под првоаприлските маски е она што оваа журка ја прави посебна, директно од срцето на главниот град. За најдобрите маски, ХО клуб подготви награди кои ќе ја наградат Вашата креативност и ќе ја направат вашата вечер посебна. Бидејќи ХО клуб, нуди Х можности!

Експо центарот пак, со гордост Ви го најавува Прво априлскиот Маскенбал заедно со диџеите на Сити радио Бабура, Бранчез и Боби. Уникатниот концертен центар е подготвен за уште една журка за паметење, овојпат надополнета со креативноста која ќе ја покажете преку маските кои ќе ги носите. Влезниците се по цена од 200 денари. Експо центар ја продолжува традицијата на одржување настани кои го менуваат критериумот за добра журка. Затоа, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од големиот прво Априлски маскенбал во Експо центар.

Овој Први Април, поминете го најурбаните места во градот, ХО клуб и Експо Центар!

1011057_478627428904134_1819872384_n

- Реклама -