Заради сé поголемиот прилив на мигранти во Европа, и заради растот на бројот на атеистите, исламот до 2070-та година ќе стане водечка светска религија, предвидува истражувачкиот центар „Pew“.
Се предвидува дека процентот на муслиманско население ќе се изедначи со процентот на населението од христијанска вероисповед за околу 53 години, кога ќе изнесува околу 32%. До 2100-та година, во светот се очекува муслиманите да ги надбројат христијаните за околу 1%.
Меѓу другото, резултатите од истражувањето покажуваат и дека исламот станува најбрзорастечка религија на светот. Во 2010-тата, на глобално ниво имало 23% муслимани, а 31% христијани. Но како што покажуваат податоците на Pew Research Centre, муслиманите во просек имаат повеќе деца од припадниците на било која друга религија – во просек по 3.1 дете. За споредба, заедничкиот просек на сите останати верски групи заедно е 2.3 деца.
И покрај сé поголемиот број атеисти и припадници на исламот, христијанството сепак ќе се одржи како најмногубројна религија, барем до 2050-та година. Но потоа, сепак ќе преовлада импактот од миграциите, кои водат до нагли скокови во порастот на муслиманското население во одредени делови од светот, како Европа и Северна Америка. Минатата година, процентот на муслимани во САД изнесуваше 1%. Според предвидувањата, до 2050-та година, бројот ќе се зголеми на 2.1%, пишува Daily Mail.