Таа е целосно приспособлива, па на вас само останува да ја моделирате во девојката што отсекогаш сте ја посакувале.
За најголем дел од мажите, наоѓањето на совршената девојка е долготраен и макотрпен процес. Затоа, компанијата Orient Industry реши дека ќе биде од помош ако ја достави пред вашата врата. Има само еден минус, ќе биде направена од гума.
Шегата на страна, пазарот на реалистични секс-кукли, особено во Јапонија, е голем и постојано расте. Новите модели поседуваат дури и морничаво блиски сличности со луѓето – имаат автентични очи и кожа што се чини вистинска при допир. Orient Industry нуди и опција за кукла по мерка – можете да ја изберете големината на градите, бојата на косата, очите и се што може да ви текне, од главата, до прстите на нозете. Бонус, добивате и униформа по ваш избор – медицинска сестра, секретарка, професорка и сл., со цел да се поштеди купувачот од срамот при изборот на ваква или долна облека во вистинска продавница.
Куклите се наречени „Dutch Wives“ – јапонски термин за секс-кукла. Компанијата се фали дека најновата серија е изработена од високо-квалитетен силикон и куклите се толку добри, што секој што ќе купи веќе нема да има потреба од вистинска девојка. Цената е нешто повисока од 1.000 фунти, но бројките велат дека побарувачката е огромна.
Покрај подобрувањето на квалитетот на очите и кожата, последните модели имаат и движечки зглобови, па можете да ги наместите во било која поза.