За 10 години нема да постојат пенкала?

Технологијата веќе го заменува мноштво од предмети во секојдневниот живот на луѓето – телефоните покажуваат колку е часот, со нив можеме да сметаме и да ги задоволиме речиси сите потреби што ги имаме.

Кое ли ќе биде следното нешто што ќе излезе од употреба поради технологијата?

Тоа ќе бидат пенкалата, барем според извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела. За време на интервју за ABC директорот беше запрашан кое од работите кои ги користиме денес, нема да постои по една деценија. Неговиот одговор беше пенкала.

Ова сепак не е толку откачена идеја. На позадината на десетиците апликации кои му помагаат на човекот да води белешки, како Evernote, и одличната апликација за снимање на гласот, потребата да ги запишуваме нештата станува помала.

Note3S-20

- Реклама -