YouTube ќе ги отстранува анонимните коментари

YouTube се подготвува за војна против озогласените коментари преку отстранувањето на маската на анонимност.

Отсега при коментирање или поставување на видео на сајтот ќе бидете поттикнати да „започнете да го користите своето целосно име на YouTube,“ и од вас ќе биде побарано да започнете да го користите идентитетот поврзан со вашата Google+ сметка (нормално, ако ја користите социјалната мрежа на Google).

Ако одбиете ќе мора да одберете валидна причина, како на пример „Името на мојот канал е доста популарно.“ Чекорот кон користење на вистински имиња на YouTube беше најавен минатиот месец на Google I/O конференцијата. YouTube најави промени во системот за коментирање кој е општо познат по непријатните коментари.

Користењето на вистински имиња од Google+ профилите е очигледен прв чекор кон внесување на малку култура во YouTube. Google со нетрпение сака да го исчисти видео сервисот и да создаде производ кој ќе биде попривлечен за бизнис корисниците, рекламните компании и креативните режисери.

Претставник на YouTube одби да коментира дали се предвидени уште пормени, но лесно е да се предвиди дека спојувањето на Google+ и YouTube профилите е само прв чекор кон криење и, со тек на времето, комплетно отстранување на анонимни коментари. [YouTube gently prods users to go by their real names]

- Реклама -