YouTube го додаде иритирачкиот звук на вувузелите

vuvubunnyYouTube деновиве додаде специјално копче на сите видеа, кое со едноставно кликање ќе го пушти звукот на вувузелите врз оној на видеото кое го гледате.

500x_vuvubunnyYouTube деновиве додаде специјално копче на сите видеа, кое со едноставно кликање ќе го пушти звукот на вувузелите врз оној на видеото кое го гледате.

Копчето во форма на фудбалска топка сега ќе ги иритира и милионите гледачи на YouTube, се разбира доколку кликнат на него.

Ова е исто како да сте натпревар на Светското првенство, а звукот на трубите засега не може да се прилагоди.

Додека ТВ станиците кои го прикажуваат турнирот се обидуваат да ги намалат трубите, YouTube го направи токму спротивното, кое се покажа како вистински онлајн хит.

Најверојатно копчето ќе остане на БЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗ сајтот до крајот на СП2010.

- Реклама -