X-Men: Wolverine е Македонец

Арон Диаз, креаторот на стрипот Dresdan Codak, пред некое време создал нови костими, моќи и приказни за Justice League и Бетмен. Сега тој истото внимание им го посветил и на X-Men, адаптирајќи педесет години приказни и создавајќи понаучно-фантастична позадина.

На пример, во неговата верзија кристалното око на Cyclops е портал кој води во црвена маглина која може да биде адаптирана за транспорт на соларен пламен и манипулирање на црни дупки. Примарната промена во неговата фанфикција е фактот што мутациите имаат sci-fi основа и не се само случајно создадени моќи. Пред илјадници години моќни вонземјани познати како Celestials дошле на Земјата за да вршат тајни експерименти врз луѓето.

Нивната цел била со генетскиот шаблон на homo sapiens да оживеат долго загубени цивилизации и видови од целиот универзум. Но нивните први тестови биле незадоволувачки по што тие го напуштиле проектот. Она што тие не го знаеле тогаш е дека оригиналната „програма“ се проширила и навлегла во ДНК на безброј луѓе и опстојала со генерации.

Во верзијата на Диаз има и радикални промени во X-men универзумот. Курт Вагнер – Nightcrawler – е професор по физичко образование во училиштетот на професор Чарлс Ксавиер. Во истотот училиште кристалната Ема Фрост предава литература додека доктор Џејмс „Логан“ Хаулет кој пати од амнезија предава историја.

Диаз составил и куса историја за повеќето ликови. За Логан – Wolverine – тој пишал: Роден во Македонија пред 2.500 години Логан е првиот од четири мутанти создадени директно од Celestials. Но тој бил несовршен прототип и неговата мутација никогаш не станала доминантна. Последица на ова е неговата повремена промена во безумно убиствено животно со канџи.

- Реклама -