Иако британските медиуми деновиве шпекулира дека групата Wham!, позната по еден од најголемите божикни хитови, повторно се враќа на сцената, ПР-от на Џорџ Мајкл ги негираше овие информации.
– Џорџ Мајкл е на индивидуална турнеја и промовира нов албум. Враќањето на Wham! e, за жал, само дезинформација – изјавило лицето за односи со јавност на Мајкл.
Daily Mirror неодамна соопшти дека двоецот составен од Џорџ Мајкл и Ендру Риџелеј, што краткотрајно владееше со поп-сцената во осумдесетите години на минатиот век, сериозно размислува за свое музичко враќање.
Весникот истакна дека идејата на Wham! е да се обноват за еден голем концертен спектакл, а според анонимниот извор што го цитира весникот, подготовките за конертот, иако се во рана фаза, веќе сериозно преминуваат во дело.
Поминаа 30 години откако бендот ја сними првата песна, а постоеја гласини за нивно враќање и во 2006 година.
{youtube}E8gmARGvPlI{/youtube}