Фестивалскиот простор на ТДР во Ровињ оваа година по шестти пат, а за прв пат во рамки на Европската Унија ќе биде домаќин на околу 4.000 медиумски, маркетинг и ПР професионалци.
Најголемиот регионален фестивал за комуникации од 19-ти до 22-ри Септември повторно носи интересни предавања, интригантни панел дискусии, работилници и презентации, со опуштено дружење и одлична забава со многубројни концерти за крај на летната сезона.
Еминентни предавачи и панелисти од секогаш се силен адут на Викенд Медиа Фестивалот. Оваа година во Ровињ ќе пристигне Tom Buday, маркетинг и директор на секторот за комуникации на најголемата прехрамбена компанија, швајцарскиот Нестле. Buday ќе говори за комуникацискиот пристапот на Нестле со потрошувачите во денешниот дигитален свет.
Професорот од Кортуљи Бизнис Школата во Германија, Nicholas Kfuri ќе зборува за тоа како социјалните медиуми го променија маркетингот, додека Viktor Marohnić, кооснивач и директор на ShoutEm Five Minutes студиото од САД ќе одржи предавање со интригантен наслов „Зошто токму пекара Весник е вашиот клиент од соништата?“. Голем интерес ќе предзвика и предавaњето на директорот на Белградска филхармонија Ivan Tasovac, кој ќе говори за менаџмент во културата, како и предaвањето на висок претставник од Google, Израел, Nira Korczaka на тема „Од локално до глобално“.
Фестивалот и оваа година подготвува низа на панел дискусии, со многу актуелни и често контравезни теми. Најактуелна е секако влезот на Хрватска во ЕУ, за што на панелот со наслов „(Не)влегувајте во ЕУ!“ ќе расправаат двајца врвни новинари од Wall Street Journal и Daily Telegraph, претставници од нивните канцелариите во Брисел, кои имаат различно, но релевантно гледиште на оваа тема.
Шесттиот Викенд Медиа Фестивал има и свој натпреварувачко-ревијален дел, а периодот на апликација е сеуште е во тек.
Доколку сте направиле мобилна апликација без која неможете да живеете, сте снимиле интернет YouTube блокбастер, сте смислиле Инстаграм профил кој е мелем за очи, Jasno&Glasno, Plan B и Gingernet ве повикуваат да се пријавите на SoMoBorac Awards (http://somo.weekendmediafestival.com), каде што меѓународно жири ќе ги оценува вашите апликации.
По втор пат, во рамки на Викенд Медиа Фестивалот ќе се одржи и BalCannes (www.balcannes.com), регионална ревија на најдобрите адвертајзинг агенции, која се организира во соработка со HURA (хрватската асоцијација на маркетинг агенции). На BalCannesu 2013 можат да учествуваат сите заинтересирани агенции од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија и Црна Гора. Сите пријавени материјали ќе бидат прикажани во склоп на BalCannes видео прикажување, како и на BalCannes Yellow Page. Иако BalCannes нема натпреварувачки карактер, сепак 25 најинтересни проекти ќе бидат претставени во фестивалската сала на Викенд Медиа Фестивалот.