Во вечната борба меѓу помладите и постарите браќа и сестри, постарите ја имаат интелигенцијата и „искуството“ на своја страна. Помалите, пак, ја користат итроста и бељите за да се одмаздат.
Да, студија го потврди тоа што сите го претпоставувавме или сме го искусиле на своја кожа – второродените деца се понемирни и генерално попроблематични, особено ако се машки.
При истражувањето се собрани податоци од илјадници парови браќа во Данска и САД. Заклучокот е дека вторите деца имаат 20% до 40% шанси да добијат дисциплинска казна во училиште или да бидат регистрирани во криминалниот правен систем.
Водечкиот истражувач Џон Дојл за NPR вели дека второродените деца, споредени со нивните постари браќа и сестри имаат поголема тенденција да завршат во затвор или поверојатно, да бидат суспендирани во училиште или да се приклучат во малолетничка деликвенција.
Ама чекајте. Пред да им се насмееме во фаца на помалите, исмевајќи го секое недело што го извршиле или допрва ќе го извршат, да позборуваме и за постарите (демек невини) браќа и сестри.
Според Дојл, тие (постарите) се причината што помалите се попроблематични. Тоа го објаснува вака.
Првородените за пример имаат и се угледуваат и споредуваат со луѓе кои се возрасни – родителите, пред сé. Второродените, пак, се угледуваат на прилично ирационални деца кои (најчесто) се само 2-3 години постари од нив. Се разбира, Дојл алудира на постарите браќа и сестри.
Дури и ако родителите елиминираат време од работата за да му го посветат на второроденото дете, првороденото сé уште добива дел од таа нега. Плус, во првите месеци и години од животот, првородените го добиваат целосното внимание на родителите.
Ама хеј, тоа не значи дека ако сте помалиот/та брат/сестра треба да завршите во затвор. Карактери варираат и се менуваат (дури и под радикалната претпоставка дека помалите деца се печени да бидат бељаџии).