Втората најголема руска банка објави загуба од седум милијарди евра поради санкциите

Руската банка ВТБ, втора по големина во земјата, соопшти дека во 2022 година имала загуба од седум милијарди евра.

Како што велат од банката, таквиот резултат е последица на санкциите „без преседан“ што ѝ беа воведени на Русија поради „специјалната воена операција“ во Украина, а особено на исклучувањето на банката од меѓународниот платен систем Свифт.

„Во 2022 година, Групацијата ВТБ се соочи со невидени тешкотии и предизвици. Станавме прва цел на максималните можни санкции, што доведоа до големи загуби“, вели финансискиот директор на банката – Дмитри Пјанов, во соопштението.

Попрецизно, ВТБ наведува дека имала загуба од 612.6 милијарди рубљи, или околу седум милијарди евра по тековниот курс. За споредба, во 2021 година банката остварила нето добивка од 327.4 милијарди рубљи.

Прочитајте и:  Остин: Употребата на американско оружје за извршување удари со долг дострел во Русија нема значително да ја промени ситуацијата во Украина

Извор: МИА

- Реклама -