Втора жртва од коронавирусот во Македонија, пациентот немал други болести

Ковид-19 ја зема и втората жртва во земјава. Како што информира Министерството за здравство, ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал пациент заболен од коронавирусот.

Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Пациентот бил xocпитализиран на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и зависен од кислород.

Во текот на изминатата ноќ неговата состојба нагло се влошила. Пациентот веднаш бил интубиран и ставен на респираторна машина, но по неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал.

Пациентот немал позната историја на коморбидитет, односно други болести, информираат од Министерството.

- Реклама -