Моника Муличковска ќе направи втора самостојна изложба на фотографии на 14.12.2014 (недела) во 20 часот.
Талентираната фотографка ќе ги прикаже нејзините дела во Галерија 8, во Старата скопска чаршија.
Нејзиниот циклус од фотографии го носи името “Point of view” и содржи буквално една прошетка низ светот.
Ќе патуваме во: Индонезија, Токио, Осака, Кjото, Њу Јорк, Лондон, Мадрид, Барселона, Амстердам и Венеција.
Гледањето од различни перспективи и простори, онаа „точка на гледање” за неа има длабоко филозофско и уметничко значење.
Со секое патување нашите видици се зголемуваат, а со тоа и самото сознание дека сите ние сме жители на овој свет.
Патувајте, гледајте и восприемете ги убавините на овој магичен свет. Сите во истиот простор со различен „Point of view”.