Втор пораз за Франција на турнирот, сега од Норвешка


Ракометарите на Франција денеска загубија и од селекцијата на Норвешка која го доби мечот со 27-22.

Откако доживеаа тежок пораз од Данска во првото коло од ракометниот турнир, нов пораз сега од Норвешка.

Норвежаните имаа перфектно прво полувреме кое го добија со 16-10, во вториот дел ја сочуваа високата позитива за победа од 27-22.

Блонз со седум гола беше најефикасен кај Норвешка, во составот на Франција Дика Мем реализираше 10 голови.

- Реклама -