Временска бомба која ќе го „збрише“ житото на планетава

Повеќе... Уживајте во лебот додека сè уште можете. Научниците предупредуваат на еден вид на габичка која може да покоси 80% од житото во светот како што се шири од Африка.


mary-verhoeven-wheat.jpgУживајте во лебот додека сè уште можете. Научниците предупредуваат на
еден вид на габичка која може да покоси 80% од житото во светот како
што се шири од Африка.

Како да не е доволно лошо тоа што во иднина може да останеме без туната, сега  научниците тврдат дека и житото можеби е на работ на истребување. Причината е еден вид на габа со име Ug99 која се шири од Источна Африка. Досега го помина Црвеното Море во Саудиска Арабија и стигна до Иран. Експертите велат дека запрено е нејзиното ширење во житниците на Северна Индија и Пакистан, но дека ветерот најверојатно ќе ја пренесе во Русија, Кина, дури и Северна Америка – доколку претходно не биде пренесена од луѓето.

„Тоа е временска бомба“ според Џим Петерсон, експерт за одгледување жито и генетика на Универзитетот во Орегон. „Се движи низ воздухот, преку облеката и во авионите. Знаеме дека ќе се  прошири и тука. Тоа е само прашање на време“.

Иако повеќето од луѓето немаат слушнато за Ug99, овој вид на габа, кој го нарекуваат и ‘рѓа бидејќи изгледа како црвено-кафеави точки на стеблото на житото, е непријател број 1 на светските житници. [A ‘time bomb’ for world wheat crop]

- Реклама -