Време е за костени!

Моќниот питом костен (Castanea sativa) претставува природен извор на енергија и здравје што ни е потребен во првите студени денови кога се адаптираме на зимата. Исто така, и неговиот „братучед“, дивиот костен (Aesculus hippocastanum), иако не се јаде, исклучително е лековит.

chestnuts

Плодовите на питомиот костен ја прочистуваат крвта и го јакнат имунитетот, тешко се варат меѓутоа даваат многу енергија бидејќи содржат многу јаглени хидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза.
Старите народи ги користеле за зајакнување на организмот, додека во средниот век овие плодови се употребувале како важна намирница во исхраната на сиромашните слоеви на општеството. Познато е дека римскиот цар Цезар наредил да се запалат шумите на костените на подрачјата што ги освојувал само за да ги уништи изворите на храна на домашното население.

chestnuts-nutrition-facts-and-health-benefits-featured

Питомиот костен е исклучително хранлив и содржи вредни минерали и витамини како што се магнезиумот, калциумот, калиумот, фосфорот, железото, речиси сите групи на витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на различни начини – варени, печени, во вид на пире, сушени за брашно, во многуте благи и солени јадења, како мед од костен.

7i

Листовите од костенот се користат како чај. Тие содржат дури 95 проценти танин, разни есенцијални смоли и витамин К, кој е исклучителен кај запирање на крварењето бидејќи ги стеснува крвните садови. Во комбинација со мајчина душица ги лечи проблемите поврзани со системот за дишење, го чисти организмот, помага кај болките во грбот, кај диареата итн. Медот од костен исто така е исклучително хранлив и лековит. Го лекува гастритисот и пречките во варењето, го штити црниот дроб, придонесува за подобра циркулација на крвта итн.

Што се однесува до дивиот костен, неговите плодови не се јадат, но се користат во народната медицина како и сите делови на дрвото кои се лековити и се користат најчесто во лекување на проблемите со вените и со реумата. Дивиот костен во себе го има есцинот (сапонинот) кој е заслужен за зацврстување на ѕидовите на капиларите и вените па поради тоа делува диуретично и антивоспалително, ги намалува отоците на лимфата и помага кај кожни заболувања.

Од плодовите е позната тинктурата за проширени вени, кај проблеми со циркулацијата, кај болките во коските, зглобовите и во грбот. Цветовите исто така се користат за изработка на тинктура за лекување на реуматски болки , на гихтот, артритисот и неуралгијата. Од пупките се прават и познатите Бахови цветни капки кои наводно помагаат кај концентрацијата.

 

Костен пире – Рецепт

Состојки:
-400 гр. варени излупени костени
-70 гр. шеќер
-40 мл. рум
-2 кесички шлаг

Подготовка:
Во лонец за сосови ставаме вода, додаваме 2 лажици шеќер, малку промешуваме и кога ќе зоврие, вариме на тивок оган. По 2-3 минути, кога ќе добиеме полуредок сируп, го гаснеме огнот, додаваме рум, па арома ванилите, па сето тоа го протресуваме и ставаме на страна малку да се излади. Во мултипрактик ги ставаме костените и постапно ги ситниме со додавање на подготвениот сируп. Така добиеното костен пире го преместуваме во пасирката, го протиснуваме во прикладни посадки, додаваме шлаг, посипуваме со малку чоколадни ливчиња и послужуваме.

- Реклама -