ВРЕДИ до ДУИ: Изберете нотар и да потпишеме изјави – губитникот да се повлече од политиката

„На 24 април и 8 мај Албанскиот народ ќе се потпише на потврдата за политичка пензија на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и нивните соработници. Ваквите блеферски обиди на исплашеното раководство на ДУИ да го сокријат стравот од промените кои ќе се случат, не поминуваат никаде, бидејќи ништо повеќе не зависи од нив“, порачаа од коалицијата ВРЕДИ, за предлогот на ДУИ.

„ВРЕДИ нема да дозволи ни најмал простор за сеење магла. Ги повикуваме Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби да изберат нотар и тајминг каде ќе се потпишеме на изјави дека кој изгуби нема право да се занимава никогаш повеќе со политика“, додаваат од коалицијата.

- Реклама -