Никој, ама баш никој не сака да личи на турист кога патува во друга земја, а посебно никој не сака да биде турист во сопствената земја. Можеби кај нас не се случуваат такви проблеми, меѓутоа со транспортен систем кој е комплексен како оној на Токио, понекогаш мапата е навистина неизбежна во секојдневието. Ако ви треба едноставно решение кое ќе ви помогне да не се изгубите, тогаш треба да си ја носите оваа вратоврска која ја чува мапата на скриено место.
Да, да. Оваа навидум сосема обична вратоврска која се нарекува Bluebelland, ја крие целосната мапа на подземниот возен систем на Токио! Кога ја гледате таа е обична вратоврска, кога ја свртувате наопаку, таа е вашиот водич. Замислете само колку е ова едноставна, а сепак револуционерна идеја!
Оттука вратата се отвора за секој кој има малку повеќе финансии за инвестирање. Капче со мапата од Њујорк. Мапа од Париското метро во беретка. Мапа од Виенското метро скриена во обвивката од Моцарт кугли. Оттука навистина само небото е граница.
Текстот е објавен во соработка со Socailnet.mk