Вратила ливче со добивка од 90 000, добила само 400 денари награда

Ова момче имало среќа што ливчето со добивка од околу 90 000 денари што го изгубил повторно дошло во негови раце. Но, девојката што му го вратила можеби се покајала за тоа. За доброто дело добила награда од само 400 денари.

24sata.hr објави интересна приказна за В.Б., 25, од хрватското село Окучани кој во неделата одиграл ливче во спортска обложувалница со шест фудбалски парови и уплатил 2 200 денари. Тој го заборавил ливчето, се вратил во обложувалницата, а вработената го нашла и му го вратила. Се утврдило дека ливчето е добитно и тоа со 90 000 денари. В.Б како награда на вработената и дал 400 денари.

„На ливчето имав 6 парови. Ги следев натпреварите, имав погодено пет парови, ми остана уште еден кој играше подоцна. Сакав да го проверам ливчето, но ми го немаше. Отидов да го барам на места каде што бев откако го уплатив, но ништо. Отидов во обложувалницата. Ни девојката ни јас не знаевме дека ливчето ќе биде добитно. Сепак и дадов 400 денари. Прво не сакаше да ги земе парите, но по моето инсистирање прифати“, изјавил В.Б.

- Реклама -