Вратете ги р’ѓосаните алати во живот

Алатот, како и сите други метални предмети, со текот на времето рѓосува и станува малку или воопшто неупотреблив.Еве едноставен начин да ги вратите во живот, а се што ви треба се најчестите домашни намирници и малку трпение.

Потребно ви е:

  • јаболков оцет (веројатно и белиот оцет ќе ви заврши работа, но методот не е проверен)
  • сол – познато е дека во комбинација со оцетот работи добро при чистење на железни пари
  • пластичен сад доволно голем за да го собере алатот
  • стара четка за заби

 

F4MJ9A1HO7XFHMC.LARGE[1]Ставете го алатот во садот и сипете доволно оцет за да го потопите р’ѓосаниот дел.

 

FBA107KHO7XE591.LARGE[1]Посипете сол на целата област со р’ѓа.

 

F77NG50HO7X1AGB.LARGE[1]Алатот оставете го да „кисне“ во растворот околу 24 часа.

 

алатПо еден ден, ќе забележите дека речиси сета р’ѓа отпаднала, а растворот ќе биде полн со остатоци. Тука стапува на сцена четката за заби. Исчеткајте го алатот за да ја отстраните и преостаните останки од р’ѓата.

 

FGYJ3HRHO7XE58Y.LARGE[1]Пробајте да го разработите алатот. Потоа повторно потопете го, одново исчеткајте го и пробајте да го разработите. Ќе забележите дека се полесно ќе ракува со него. Повторете го процесот уште еднаш и алатот би требало целосно да се разработи за многу кратко време. Најверојатно ова ќе ја заврши работата, но во краен случај, вратете го алатот во растворот и оставете го уште 24 часа.

 

tool

FJ98C3LHO7X2ESX.LARGE[1]Исплакнете го алатот и отстранете ги сите остатоци од растворот или водата со сува крпа, а потоа оставете го на топло место за да се исуши. Подмачкајте го со моторно масло и повторно разработете го, за да избегнете повторно да р’ѓоса.

 

 

 

- Реклама -